Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“
Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата, пишува Ројтерс.
Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.
Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.
„Модерна“ и партнерството на „Фајзер“ и „Бионтек“ беа две од првите групи на фармацевтски компании што развија вакцина против ковид-19.