Променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
УВ индексот ќе изнесува 5 мерни едници.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 17, а максималната ќе достигне 29 степени.