Експертите велат дека нашето однесување за време на секс открива многу за нас, а верувале или не, една работа може да открие и жена која е повеќе склона кон изневерување.
Според истражувањето во кое учествувале 138 жени и 121 маж кои се во хетеросексуални врски, било утврдено дека колку почесто партнерот глуми оргазам, толку е поголема веројатноста таа да го изневерува партнерот.
Експертот за секс Тами Нелсон истакна дека дури 80 отсто од жените признале дека лажирале кулминација за време на сексуалниот однос. Инаку, некои поранешни студии покажаа дека жените кои „глумиле“ оргазам не се задоволни од сексот со партнерот, што не е чудно или не се во состојба искрено да му објаснат на партнерот што сакаат за време на односот.
А кога во врската има незадоволство од сексуалниот живот и нема изгледи дека ќе се промени, многу се поголеми шансите личноста да бара „нешто на страна“.
Проблемот со глумењето кулминација е што партнерот не сфаќа дека жената навистина не е задоволна и затоа не е свесен дека следниот пат можеби ќе треба да направи нешто поинаку, за таа да доживее кулминација. И така се влегува во маѓепсан круг на незадоволство и глумење оргазам, поради што многу жени одлучуваат да ги задоволат своите потреби со некој друг.
Постојат неколку причини зошто жените не им признаваат на своите партнери дека глумат оргазам – некои се плашат да покажат вистински чувства, други не сакаат да ги повредат чувствата на партнерот, а има и такви кои можеби не го познаваат доволно своето тело и не знаат што треба да се промени во сексот за да тие навистина би уживале во тоа.