Кафето е едно од најзастапените пијалоци во светот. Умерениот внес на кафе нема негативни ефекти врз кардиоваскуланото здравје. Сепак, пациентите со висок крвен притисок треба да избегнуваат поголеми количини внес на кафе, поради регулирање на хипертензијата.
Солта како секојдневна состоја што ја внесуваме преку исхраната, според сите препораки потребно е да биде внесена во количини од 4- 6 грама дневно. Намалениот внес на сол значително придонесува до намалување на крвниот притисок, а повеќето студии укажуваат дека се намалува и процентот на срцевите инфаркти.
Најдобро е солта да се внесува истовремено со храна богата со минерали и витамини, како што е зеленчукот, и на тој начин се намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања, како и нивото на покачен холестерол во крвта.