Леонардо да Винчи повеќето луѓе го гледаат како уметник кој ги насликал некои од најпознатите ремек-дела во светот – како што се енигматичните „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“.
Но, реално гледано овие дела се можеби најмалку вредни во споредба со другите придонеси што тој ги дал во светот. Како вистински ренесансен човек, тој се истакна во многу области од архитектура до наука и математика до инженерство.
Неговите тетратки се полни со бројни набљудувања, шпекулации и хипотези, од кои повеќето ќе бидат испитани и потврдени од независни истражувачи во следните векови. Тој скицирал мотори и машини, кои во модерното време ќе послужат како инспирација и ќе ги постават темелите на технолошкиот напредок.
Ѕирнете во некои од неговите тетратки, кои прикажуваат напредни увиди, набљудувања и откритија, докажувајќи дека тој бил човек пред своето време.
- Математичар
Леонардо често се обидувал да најде врски и обрасци кои ги изразувал преку математички пресметки. Посебно бил фасциниран од пропорциите на човечкото тело, за што најдобро сведочи „Витрувиецот“, кој прикажува машка фигура во две позиции со раширени раце и нозе во круг и квадрат.
Леонардо на цртежот напишал дека секој дел од телото е математички пропорционален со другите: „Четири прсти се еднакви на една дланка; четири дланки се еднакви на една нога; … 24 дланки се еднакви на еден човек“.
Во редовите може да се најде и едно од неговите верувања дека функционирањето на човечкото тело е аналогно на функционирањето на универзумот. „Човекот е модел на светот“, заклучил тој.
Го интересираше и Златната средина, т.е. математички однос дефиниран со односот 1 спрема 1,618… Во неговата недовршена скица „Свети Јероним“, фигурата на подвижникот е врамена со прецизно поставен златен правоаголник, а експертите сугерираат дека математичкиот модел често се гледа и во портрети на млади жени, вклучувајќи ја и „Мона Лиза“.