Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 90 минути.
На „Пелинце“ за излез се чека од 45 до 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.