Поскапува лебот. Новите цени се повисоки за 8 до 10%. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија.
Тоа е најчесто од ударот на зголемувањето на цената на гасот која во авуст е неколкупати покачена во споредба со онаа во месец јули, како и со поскапувањето на електричната енергија со новите измени во правилникот и законите за малите компании кои учестуваат во регулираниот пазар како и за домаќинствата каде што исто така е зголемена цената на електричната енергија. – Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко-пекарска индустрија
Промена забележале и граѓаните. Велат дека од пред два дена, речиси сите видови леб имаат зголемени цени.
Очекувањата се дека цената на лебот и натаму ќе оди нагоре, паралелно со растот на цените на енергенсите. Токму затоа мелничарите и пекарите побарале државна помош.
Држвата мора да учествува во субвенционирање на компаниите со цените на електричната енергија, затоа што само ние сме како индустрија во нашава држава изложени на најскапа електрична енергија. Секаде во опкружувањето струјата е регулирана и субвенционирана од страна на владите. Ако продолжат цените на енергенсите да се зголемуваат, а тие го достигнаа својот пик во летниот период, замислете што ќе биде во есенските или зимските месеци.
Маржата на лебот останува ограничена на 5% до крајот на септември. Дали и какви антикризни ќе има потоа, засега не се знае.