Состојки:
  • 3 лажички инстант кафе
  • 2 лажички шеќер
  • 500 мл полномасно млеко
  • 4 топки сладолед од ванила
  • чоколадо
  • лажица какао во прав
  • 2 лажици чоколаден сируп
  • 80 мл слатка павлака

Изладеното млеко, шеќерот, меленото кафе и сладоледот од ванила ставете ги во миксер и оставете ги убаво да се измешаат споменатите состојки додека не добијат форма на смути.

Половина од смесата прелијте ја во чаша која претходно е украсена со чоколаден сируп. Додадете топка сладолед, малку чоколадо и посипете со какао во прав.

Изматете ја слатката павлака и додајте ја во ладеното кафе доколку сакате посладок напиток. Можете да додадете две до три коцки мраз за кафето да биде што поладно.