Првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп почина на 73 години, соопшти нејзиното семејство. Taa почина во својот дом во Њујорк, објави поранешниот претседател.
Нашата мајка беше неверојатна жена. Силна во бизнисот, атлета од светска класа, зрачеше со убавина, а беше грижлива мајка и пријателка – изјави семејството Трамп во изјава за „Еј-Би-Си Њуз“.
Тие наведуваат дека била борец, побегнала од комунизмот и ја прифатила Америка.
Таа ги научи своите деца за храброст, цврстина, сочувство и решителност. Ќе им недостигна на нејзината мајка, нејзините деца, внуците – соопшти семејството.
Ивана е првата сопруга на Доналд Трамп, со кого имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Ивана Зелничкова која растеше во поранешна Чехословачка, се омажи за Доналд во 1977 година, од кого се разведе во 1992 година.