Туризмот во Албанија, што беше еден од најтешко погодените сектори за време на пандемијата, се чини брзо закрепнува.
Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, на албанска територија во април 2022 година влегле 832.920 лица, што споредено со истиот месец минатата година значи зголемување за 78,6 отсто.
Сметам дека двете години од пандемијата треба да се исклучат како компаративна основа, бидејќи секоја споредба со нив би резултирала со галопирачки стапки, смета претседателот на Здружението на тур-оператори, Бесник Вати.
Сепак, додава, оваа година има раст, дури и во споредба со најдобрата година како што беше 2019 година, овој раст е 15 до 20 отсто.
Посебната карактеристика на оваа година е што меѓународниот аеродром во Тирана нуди повеќе можности за летови, особено со пристигнувањето на нискобуџетната авиокомпанија, која додаде 47 директни дестинации од Тирана. И годинава има повеќе туристи од земјите од Блискиот Исток, нагласува тој.
Според него се предвидуваше дека по пандемијата ќе има огромна експлозија на туризмот на глобално ниво, но војната во Украина има силно влијание врз тоа.
Но, зголемените цени ја запреа таа експлозија. Ако се надевавме дека експлозијата ќе оди некаде помеѓу 30-33 отсто во однос на 2019 година, оваа година верувам дека ќе оди 15-20 отсто, а главниот фактор е војната, оценува Вати.
Посочува дека најголемиот проблем со кој се соочува туризмот во Албанија е недостигот од работници.