При обична обиколка на неколку маркети низ Скопје, што ја направија новинари од редакцијата „Мој збор“ може да се забележи дека полиците од маркетите каде што инаку се позиционирани нудлите и макароните остануваат празни или залихите се при крај.
Според Д.И (47) вработена во локален малопродажен објект, луѓето во последно време се повеќе браат макарони и нудли што е причина за нивно често исчезнување од рафтовите.
Купувачите ги купуваат овие намирници затоа што се ефтини, па може со нив да се подготват различни јадења. Исто така, имаат долг рок на траење поради што луѓето ги купуваат и прават огромно залихи.
На прашањето дали може да порачаат нови производи од добавувачите, таа ни одговори дека сега е пролонгиран периодот за примање на нарачка и не секогаш може да се набават сите намирници кои се нарачуваат.
Нашата соговорничка сведочеше дека во малопродажните објекти, скоро на секојдневно ниво се прават промени на цени и нови нивелации, во главно најголем број од производите поскапуваат, а со намалување на маржата, намалени се цените, но незначително.
Таа забележува и дека нејзините купувачи кои во минатото купувале големи колични, сега ги избираат поефтините производи и пазарат скромно, што и покажува дека кризата ги зафатила сите.