Околу 1.565.300.000 литри пиво беа продадени во Велика Британија од јануари до март 2022 година, што претставува зголемување од 40% во однос на претходната година.

Ова го покажуваат податоците на Британската асоцијација за пиво и пабови (BBPA).

Продажбата на пијалокот расте и во Европската унија, каде што се предвидува зголемувањето да биде слично на Островот, но официјални податоци претстојат.

И покрај позитивните вести за бизнисот со пиво, продажбата сè уште не може да ги достигне нивоата пред пандемијата во 2019 година.

Извршниот директор на BBPA, Ема Мекларкин, го коментираше за британските медиуми растот на продажбата вака:

Одлично е да се види дека продажбата на пиво повторно расте по овие тешки две години за пабовите и пиварите. Овие податоци јасно покажуваат дека пивото е пијалокот што на многумина од нас им недостасувал за време на пандемијата.

Сепак, и покрај позитивниот тренд, индустријата за пиво се соочува со сериозен притисок низ Европа. Тоа е поврзано со зголемените трошоци, проблемите во глобалниот синџир на снабдување и со кадровската криза.