Денеска времето ќе биде прoменливо облачно, на места нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи, а попладне локално се можни пообилни врнежи и услови за појава на град.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.
УВ индексот ќе изнесува 6 мерни единици.
И утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за град.
Во вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.