Роамингот меѓу Србија и Грција веќе две сезони е поевтин, но она за што се преговара е целосно да се укине, а тоа го потврди и грчкиот министер за туризам Василис Кикиљас.
Во интервју за РТС, грчкиот министер, меѓу другото, одговари на прашањето „дали српските граѓани кои патуваат во Грција ќе плаќаат услуги за мобилна телефонија по домашни цени, како што тоа е случај со Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и БиХ“.
Кикиљас потврди дека одлуката за укинување на роамингот за туристите од Србија, ќе се донесе наскоро.
Работиме на тоа. Нашиот министер за дигитализација разговара со телекомуникациските компании да се укине роамингот за Србија и мислам дека конечно ќе можеме да се изјасниме за тоа за неколку недели. Сè уште немам официјална одлука, но имаме цврсти ветувања од приватни лица дека ќе го исполнат нашето барање, објасни Кикиљас.