На граѓаните кои ги реновираат своите домови полесно им е да го оставаат стариот мебел подалеку од своите домови во близина на контејнерите каде нема простор.
Често градежен отпад како цигли или бетон ставаат во контејнерита, што потоа предизвикува оштетување на камионите при собирање на отпадот.
Освен градежен шут и кабаст отпад, во контејнерите може да се забележи и медицински отпад кој претставува вистинско загрозување по здравјето, доколку заразен отпад дојде во контакт со животно (милениче) или директно човекот. Согорувањето на медицинскиот отпад во Дрисла, исто така претставува опасна метода по здравјето на луѓето.
Фрлањето кабаст отпад и градежен шут на јавни површини е спротивно на Законот за управување со отпад и се казнува со 60 евра во денарска противвредност. Но и покрај тоа, во речиси секоја населба секој ден вработените во Комунална хигиена се соочуваат со истиот проблем.
Од Комунална хигиена ги потсетуваат граѓаните дека или самите да го однесат ваквиот отпад во центрите за селекција или да се обратат на телефонскиот број 0800 222 33 и вработените комуналци ќе одат да го подигнат со одреден надоместок.
Од Инспекторатот за животна средина се бараат повеќе контроли за граѓаните да бидат повнимателни каде го фрлаат тешкиот и градежниот отпад.
Можеби ќе ве интересира: