Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а попладне и тоа особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Исто така во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.
Потоа во следните денови, вклучувајќи го и продолжениот празничен викенд, времето ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пад, и тоа особено за време на продолжениот празничен викенд кога ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.