Во текот на денот, во повеќето продавници и хипермаркети, жителите на Врање, но и жителите на Македонија и на Косовско поморавје, не можеа да купат масло за јадење и шеќер, чии количини беа разграбани во раните утрински часови.
Во Макрет „Леон“ во центарот на Врање на новинарот од Данас му е потврдено дека веќе десет дена немаат шеќер во продажба, а слична е состојбата и на другите маркети.
Сите количини масло за јадење се распродадени во раните утрински часови, а како што најавуваат трговците нови количини се очекуваат дури од понеделник.
Маслото за јадење за литар се продаваше по цена од 119 до 120 динари во зависност од производителот, додека шеќерот можеше да се купи по цена од 90 динари за килограм.
Во некои продавници се регистрирани случаи на ограничена продажба, пред се масло за јадење, чија набавка била „ограничена на два литра по купувач“, додека шеќерот воопшто не се продавал.
Зголемувањето на побарувачката за масло за јадење и шеќер во Врање е поврзано и со вообичаената викенд посета на купувачи од соседните градови Куманово и Скопје од Македонија, како и купувачи од Косовска Каменица, Ново Брдо, Гњилане и Ропотово.