Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд поинтензивен особено во западните делови. Претежно на југот ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60 км/час).

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 7, а максималната дневна температура ќе достигне 19 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно и врнежливо, претпладне во јужните делови со сончеви периоди, од пладне и попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 7, а максималната ќе достигне 20 степени.

Врнежите ќе се интензивираат за време на викендот, особено во сабота. Согласно метеолошката состојба ве советуваме да ги планирате викенд активностите во затворен простор.