Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.
Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).
Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.