Кога сте напнати, под стрес или нервозни, обидете се да се опуштите со шолја здрав и природен пијалок после напорниот ден. Станува збор за чај од маточина!
Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и анксиозноста. Растението содржи гама-аминобутерна киселина (ГАБА) која влијае на мозокот и промовира намалување на стресот.
Чајот од маточина исто така може да помогне во намалувањето на промените во расположението, да ја подобри добрата енергија, па дури и да има позитивен ефект врз сексуалната желба.
Покрај тоа што брзо помага на некој нервозен, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекција.
Полн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на организмот од оштетувања кои можат да ги предизвикаат слободните радикали.
Сепак, за целите на детоксикација, се препорачува употреба на свежи листови од маточина бидејќи готвењето го намалува нивото на антиоксиданси. Искуството покажува дека маточината може да помогне и при горушица.
Важно е да се напомене дека не треба да претерувате со маточината, бидејќи може да предизвика контра ефект и да ја зголеми анксиозноста.