Полицијата вчера пронашла рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45,5 килограми, спроти „Свети Стефан“, на околу илјада метри од брегот.
Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.