Жељко Миличевиќ (46) од Белград веќе четири години прави уникатен производ – ракија во кесичка.
Оваа ракија освен што ја пласира на домашниот пазар, ја извезува и во Европската Унија. Тој произведува шест видови ракија, кои ги пакува во кесички – дуња, слива, кајсија, виљамовка, траварица и медовача.
Идејата беше нашите ракии да се продаваат по маркети, обложувалници, ресторани, киосци. Секогаш би биле понудени шест вкусови, за кои се користи специјална амбалажа која се користи за пакување на храна, изјави Жељко.
Неговиот “Voćnjak Ž” и овие уникатни производи освоија бројни награди, меѓу кои и шест златни медали на Меѓународниот фестивал на ракија.
Ме бараат луѓе од цел свет, од Данска, Чикаго, САД, а добив повици од некои арапски земји да го дистрибуираме нашиот производ таму. Она што е исто така важно е дека оваа наша ракија е многу интересна поради својот специфичен изглед и луѓето често ја подаруваат, вели Миличевиќ.