Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања против ковид-19 до 25 февруари и ќе се врати во нормален живот бидејќи се намалува бројот на инфицирани и хоспитализирани лица, изјави денеска холандскиот министер за здравство, Ернст Куиперс.

Тој наведе дека „државата повторно ќе се отвори“.

Ќе се вратиме на нормалното време што го имавме пред короната. Не мора повеќе да држите дистанца од 1,5 метри – посочи Куиперс.