Во текот на зимските месеци, поради ниските температури стаклата на автомобилите може да замрзнат. Но, постојат начини со кои може да го спречите тоа.
Наједноставната опција е користење заштита за стакло. Ако немате, може да преземете неколку чекори за да спречите замрзнување.
- Направете спреј од оцет
Направете течност која се состои од три четвртини оцет и една четвртина вода.
Оваа комбинација ставете ја во сад со распрскувач и во текот на ниските температури, секоја вечер прскајте ги автомобилските прозорци со течноста.
- Користете алкохол
Измешајте алкохол и вода во однос 2:1 и со течноста испрскајте ги стаклата.
- Солена вода
Ако немате оцет или алкохол при рака, може да ви помогне и солта. Измешајте вода и сол и испрскајте ги стаклата. Сите три вида течности можат да бидат ефективни.
Што да избегнувате?
Никогаш немојте да користете врела вода бидејќи стаклото е чувствително на брзи промени во температурата.
Врелата вода во комбинација со претеран притисок на стаклото поради стругање може да доведе до пукање.