Покрај одредени намирници кои се штетни за здравјето на срцето, постојат и пијалоци кои можат негативно да влијаат на најважниот орган во телото.
Диететичарот Триста Бест вели дека енергетските пијалоци се апсолутно најлошиот избор кога станува збор за здравјето на срцето.
Иако кофеинот може да биде здрав за срцето кога се консумира умерено, енергетските пијалоци можат да содржат и до 300 милиграми кофеин во само една порција – објаснува овој диететичар.
Ако инаку сте склони кон забрзано чукање на срцето, пиењето енергетски пијалоци може да доведе до непријатно забрзано чукање на срцето. Вишокот на кофеин може да доведе до атријална фибрилација, да резултира со висок крвен притисок, па дури и да доведе до срцев удар и мозочен удар во некои случаи.
Зголемувањето на крвниот притисок предизвикано од прекумерното консумирање кофеин можеби е мало, но за некој кој веќе има висок крвен притисок или други проблеми со срцето, тоа може негативно да влијае на здравјето на срцето.
Премногу кофеин од енергетски пијалок може да има и диуретично дејство на вашето тело, што значи дека мора да уринирате повеќе од вообичаено. Значи, вие всушност го дехидрирате вашето тело.