Владата е согласна дека треба и ќе има покачување на минималната плата, дијалогот ќе продолжи од среда, со сите социјални партнери.
Вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити остварија работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија на која главна тема беа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата во Северна Македонија.
На средбата претставниците на ССМ уште еднаш ги поздравија одлуките на Владата за „недела неработен ден“ и за замрзнување на цените на основните производи до крајот на февруари 2022 година.