Универзитетот св. Кирил и Методиј според Шпанскиот национален истражувачки совет, се најде на 1594 место на ранг листата на светските универзитети.
Овој нов пласман е за 100 места понизок од минатогодишниот според кој УКИМ се најде на 1493 место.
Иако според оваа ранг листа Универзитетот Св. Кирил и Методиј останува највисоко рангиран универзитет во Македонија, во споредба со другите универзитети од регионот е убедливо послаб.
Универзитетот на Љубљана е рангиран на 332 место; Универзитетот на Белград на 447 место; Универзитетот на Загреб на 571 место; Софискиот Универзитет Св. Климент охридски, на 988 место.
Втор рангиран универзитет во Македонија е штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ кој се наоѓа на 3711 место на ранг листата според Шпанскиот национален истражувачки совет.
Во рангирањето на универзитетите е вклучено мерењето на научните достигнувања на вработените во Универзитетот и нивното влијание во светот.