Владата на Словенија поради недостигот на работна сила одлучи да го надомести тоа преку поголемо активирање на пензионерите. Мерката се очекува да стапи во сила до крајот на годинава.
Имено, Владата на Словенија усвои предлог-закон за интервентни мерки за поддршка на пазарот на труд, со што ќе се овозможи зголемен обем на повремена и привремена работа на пензионерите поради недостаток на работна сила поради бројни болести и карантини. Мерката се очекува да стапи во сила до крајот на годинава.
Пензионерите отсега ќе можат да извршуваат најмногу 90 часа привремена или повремена работа во календарски месец. Исто така, најмногу 120 часа во календарски месец, но не повеќе од три пати во календарската година.