Повеќе од два месеци автопатот Скопје – Штип е блокиран во едната лента поради голем одрон од карпа.
Додека патниците секојдневно реагираат на оваа глетка, реакција од надлежните институции нема. Ниту Македонија пат, ниту Јавно претпријатие за државни патишта не известува за овој проблем, а уште помалку се преземаат конкретни чекори за негово отстранување.
Иако автопатот е релативно нов, единствена активност која може да се забележи е градење на нови патарини на делницата кај св. Николе и на делницата кај Штип.
Автопатот не се одржува редовно, но за движење по тој автопат ќе се наплаќа патарина. Општо е познато дека Македонија ги има најлошите патишта и инфракструктура на сметка на прилично високите трошоци за патарини.