Наутро по котлините ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

Слично време не очекува до крајот на работната недела. Метеолозите предвидуваат уште еден студен бран и пад на температурите до крајот на зимата.