Денес, пред 29 години, на 21 јануари 1993 година, младиот Срѓан Алексиќ беше брутално претепан на пазарот во Требиње.
Требиње во 1993 година било проткаено со меѓунационална омраза, а многумина или ја поддржувале таквата политика или гледале од страна, правејќи се дека не гледаат што се случува пред нивни очи.
Срѓан Алексиќ решил да се спротивстави на ова националистичко лудило и тоа го платил со живот. На денешен ден, 21 јануари 1993 година, тој го спасил својот пријател Ален Главовиќ, Бошњак од Требиње, кој бил дивјачки нападнат од четворица резервисти на војската на Република Српска.
Наместо Ален, војниците го претепале Срѓан, кој паднал во кома и починал неколку дена подоцна.
- Починал на должност
Алексиќ е роден 1966 година во Требиње. Неговиот татко бил кошаркарски тренер, мајка му починала додека тој бил уште дете, а неговиот брат загинал во несреќа со мотор.
Срѓан бил пливачката надеж на поранешна Југославија, а се занимавал и со актерство.
Срѓан, исто така, бил резервист на Армијата на Република Српска на денот кога беше убиен. Додека сите други гледаа како младите резервисти го малтретираат Бошњакот, Срѓан скокнал да му помогне.
Поради тоа четворица војници се свртеле кон него бидејќи го сметале за предавник. Починал шест дена подоцна. „Почина извршувајќи ја својата човечка должност“, напишал таткото на Срѓан на изводот на смртта на неговиот син.