Короната е во пораст во светот, многу земји пријавуваат рекорден број на заразени лица, а за овој огромен нов бран на пандемијата придонесе и појавата на сојот омикрон, кој најбрзо се пренесува досега.
Симптомите предизвикани од овој вид се различни од претходните и главно се слични на оние предизвикани од обичната настинка.
За среќа, клиничките слики засега се претежно полесни, има многу асимптоматски случаи, па сигурно досега сте се запрашале дали можеби веќе сте имале омикрон, без воопшто да знаете.
Еден симптом може да биде знак дека е така, бидејќи се јавува само по омикрон.
Имено, студијата „Хакенсак“ на Универзитетскиот медицински центар во Њу Џерси покажала дека опаѓањето на косата се јавува кај луѓето по зараза на омикрон.
Извештајот сугерира дека луѓето кои страдаат од Ковид доживеале губење на косата помеѓу неколку недели и три месеци.
Поминав шест дена во болница поради коронавирусот, а неколку недели откако дојдов дома, косата почна да ми паѓа на прамени. Беше ужасно, рече Пола Дијаз, една од пациентите кои се соочија со овој проблем.
Британскиот институт за трихологија вели дека има и некои глобални истражувања кои се занимаваат со поврзаноста помеѓу Ковид-19 и губење на косата.
На пример, истражувачки тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Индијана откри дека речиси една третина од 1.500 учесници пријавиле губење на косата како еден од долгорочните симптоми на ковид, велат од Институтот за трихологија.
Експертите велат дека постојат две главни причини зошто косата опаѓа по Ковид. Првата причина е кога реакцијата на телото на вирусот станува преактивна и предизвикува воспаление, иако лицето веќе требало да се опорави од короната.
Друга причина е стресот, бидејќи е познато дека ковид предизвикува стрес, но се поврзува и со опаѓање на косата.
Лекарите исто така забележуваат дека пациентите им пријавуваат симптоми на кашлица, кивање, главоболка и грлоболка и покрај тоа што периодот за изолација завршил и тие имаат негативен тест на вирусот.
Инфекцијата со омикрон е многу посериозна одошто се мислеше на почетокот, бидејќи симптомите траат непознато подолго време од другите соеви.
Некои пациенти и по два месеци пријавуваат дека уште не оздравеле од омикронот и дека симптомите постојано им се враќаат.