Германскиот политичар Мајкл Рот ја поздрави средбата на новите премиери на Бугарија и Македонија, но во својата објава не пропушти да испрати јасна порака до Бугарија и своевидна критика за нејзиниот однос кон јазикот и националноста на Македонците.
Мајкл Рот даде поддршка на идејата да се препознава бугарското малцинство во Македонија, но тој истакна дека исто така
е неопходно и да се препознава македонското малцинство во Бугарија.
На крајот од својата објава Рот потенцираше дека ниту една земја членка на ЕУ нема право да одредува јазик или национална припадност на која било друга земја.