Неодамнешното истражување тврди дека клучот за долговечноста е особина што всушност ја сметаме за негативна.

Преку истражување, научниците дошле до заклучок дека тврдоглавоста е особина која ќе ни овозможи да имаме позитивен став, истрајност, успех и одлучност да живееме на начин кој ќе биде најдобар за нашето ментално и физичко здравје.

Интересните истражувања во Рим и Сан Диего потврдија дека оптимизмот, работната етика, тврдоглавоста, силните врски со семејството, религијата и земјата се добри предуслови за долг живот и добро ментално здравје.

Се покажало дека најстарите членови на девет села во јужна Италија се многу подобри психички од помладите членови на семејството.

Овие луѓе продолжуваат да работат на земјата и имаат цел и цели во животот.

Не се откажуваат лесно и токму поради особината – тврдоглавост, имаат извонредна контрола над својот живот, преку која не се замарале со мислењата на другите.

Тие, исто така, се приспособувале на животните промени подобро од другите. Изгледа токму преку тврдоглавост ја откриле тајната на долговечноста, тврди една од авторките на истражувањето Ана Скелзо.