Со новите измени на Законот за работни односи, предвидено е недела да биде неработен ден. Вработените во производствениот сектор треба да добиваат 50% повисока дневница во недела, а вработените во моловите 100% повисока дневница.
Според новите измени во Закон за работни 2% од остварениот промет на моловите ќе се одделува за изградба на новите детски градинки.
Но освен што ова одредба се однесува на недела како неработен ден, се однесува и на државни и верски празници.
Денеска е Богојавление и е неработен ден за припадниците на православната вероисповед. Така што, сите православни христијани кои денеска ќе одат на работа ќе земаат повисока дневница од 50% во производство, односно 100% доколку работат во молови.