Гребењето во грлото се појави како еден од препознатливите симптоми на омикронската варијанта на коронавирусот.
Според американскиот „The Hill“, неколку извештаи од Обединетото Кралство сугерираат дека лицата заразени со омикрон пријавиле гребење во грлото, пренесува Net.hr.
Треба да се забележи дека „гребањето во грлото“ како што го препознаваат пациентите во случаи на инфекција со омикрон не е исто како и воспаленото грло, кое се појавило во претходните видови.
Студијата „ZOE COVID“, која анализирала илјадници случаи на инфекција и детално известувала за симптомите на Ковид, открила дека болките во грлото се издвојувале како еден од главните симптоми во времето кога омикрон почнал да циркулира.
Новото истражување сугерира дека омикрон предизвикува поблаги симптоми, особено во споредба со претходните варијанти на вирусот.
Извештаите за поблаги симптоми кај вакцинираните луѓе веќе се појавуваат во Јужна Африка, од каде потекнува оваа варијанта.
Д-р Анџелик Котзи, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, изјави за Би-Би-Си во неделата по откривањето на омикрон дека пациентите имаат „невообичаени симптоми“, меѓу кои таа го посочи штотуку споменатото гребење во грлото.
Останатите три најчести симптоми на омикрон се течење на носот, затнат нос и болки во грлото.
Затоа, доколку забележите дека ве боли грлото, иако болката е повеќе како гребење или пецкање и во нормални околности би го игнорирале, задолжително тестирајте се, можеби сте позитивни, пишува Net.hr.