Кога некој е во болница, воспоставено е правилото дека секогаш е „добро“ до креветот да има свеж портокал, полн со витамини и минерали, за да се зајакне и подобри имунитетот.
Не постои човек кој некогаш не однел многу кеси со портокали во болница. На собна температура можат да останат долго, а полни се и со витамин Ц кој е неопходен за зајакнување на организмот.
Секогаш постои алтернатива
Сепак, лекарите предупредуваат дека на тој начин правиме огромна грешка. Портокалите се всушност најлошата опција за подарок за личност која е болна, а еве зошто.
На опасноста од овие агруми во разговор за руските медиуми предупреди д-р Андреј Продеус, педијатар и имунолог-алерголог. Тој посочи дека во големите пори на кората од портокал се акумулираат микроорганизми кои можат да предизвикаат секундарна инфекција на заболениот и да предизвикаат компликации.
Тој советуваше дека е подобро да се донесе некое друго овошје или, барем, да се избере сорта што има мазна кора.