Јутјуберката Адалија Роуз почина на 15-годишна возраст од ретко генетско нарушување.
На американска тинејџерка и била дијагностицирана прогерија, Хачинсон-Гилфорд синдром, познат и како Бенџамин Батонова болест, кога имала три години.
Тоа е ретка и смртоносна состојба која предизвикува проблеми со растот, а заболените се чини дека прерано стареат.
Во објавата на нејзиното семејство на Инстаграм пишуваше дека таа „допрела до милиони луѓе, оставајќи неизбришлива трага“.
Адалија од Тексас имала речиси три милиони претплатници на YouTube, каде споделувала различни инструкции, како и детали за тоа како изгледа животот со ова нарушување.
Доаѓаше и си замина тивко, но нејзиниот живот не беше таков, се вели во соопштението.
Сакаме да им се заблагодариме на сите за љубовта и поддршката што и ја дадовте. Благодарност и до сите лекари и здравствени работници кои со години работеа на зачувување на нејзиното здравје, стои во соопштението на семејството.
Rest in peace to the social media star, Adalia Rose. Her social media stardom brought the rare genetic disease, Progeria, into the limelight. My prayers are going out to your family. pic.twitter.com/HWwP0bl4fr
— Shota’s Sugar Cookie (@APseudonymous_) January 13, 2022