Во Србија на 16 јануари, недела, се одржува референдум за промена на Уставот, највисок правен акт во земјата.

Овој референдум се организира со цел гласање за промена на делот од Уставот кој се однесува на правдата. Целта на промената е усогласување на законодавството со европското во процесот на пристапување на Србија во Европската унија.

Многумина граѓани се сомневаат во одлуката што се носи преку референдумското прашање, па сметаат дека е референдумот е измена на односите со Косово, кој според Уставот на Србија, уште се именува како српска покраина.

Сепак, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека референдумот нема никаква врска со прашањата за Косово и ги повика сите граѓани на Србија утре да излезат на референдумот и да заокружат „Да“ бидејќи тоа ја ќе одреди подобрата иднина на српските граѓани во смисла на усогласување на српското законодавство со европското.