Во последните неколку години често можеме да слушнеме за семејно насилство кое ескалира за време на празници, собири, прослави, а од глобалната пандемија на коронарен вирус – изолацијата покажува многу црна статистика кога станува збор за злоупотреба на жени.
Иако многу често се среќаваме со анонимни случаи кои пријавуваат насилство кога им е загрозен животот, јавните личности дополнително ги мотивираа жртвите да се борат за својата слобода и интегритет со своите примери кои ги пласираат во медиумите.
Психологот Аида Перовиќ Ивановиќ зборува на темата за честото насилство за време на празниците.
Ако се следи статистиката на институциите, односно организациите кои се занимаваат со проблемот на насилството, ќе видиме дека по правило во тие периоди го имаме ова засилено насилство и дека е побрутално отколку во некои други временски периоди.
Многу битни фактори кои влијаат на зголеменото насилство се алкохолот и дрогата кои повеќе се користат за време на празниците, а тука е и факторот празнична еуфорија, изјави таа за медиумите.
Прекумерниот алкохол, трошењето заштеди над своите можности, трошењето повеќе време со сопружникот од вообичаено, несогласувањата за визијата за блиската иднина, потиснатите проблеми може да доведат до горчливи расправии, но и физички контакт во налет на пренагласени емоции.