Кон крајот на ноември, српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со рускиот колега Владимир Путин изјави дека Србија размислува за изградба на нуклеарна централа со партнери од Русија – државната корпорација за нуклеарна енергија Росатом.

Меѓутоа, во Србија во моментов не постои регулаторна и административна рамка која би ја регулирала изградбата и работата на нуклеарните централи, а нема ниту научен и стручен кадар кој би можел да учествува во неа, согласно Стратегијата за развој на енергетиката на Република Србија до 2025 година со проекции до 2030 година.

Нема обучени експерти кои би можеле да се грижат за третман на високо радиоактивен отпад и потрошено нуклеарно гориво, како и регулативи во таа област, се вели во документот.