Дури и ако родителите се ниски, детето може да ја надмине нивната висина. Секако, тоа зависи од исхраната во детството, и од внесот на калциум и други витамини.
Исто така, доколку го запишете вашето дете на кошарка или некој друг спорт, поверојатно е детето да се развие и да ја надрасне висината на родителите, пишува порталот Могујатосама.рс.
- Каква боја на коса ќе има детето?
Бојата на косата зависи од тоа чиј ген ќе преовладува. Ако и мама и тато имаат светла коса, и детето ќе ја има таа боја на коса.
Децата од нашите краишта главно имаат посветла коса во детството, а подоцна косата им потемнува.
Бојата на косата која се формира по дванаесеттата година останува доминантна до старост. Од родителите детето го наследува обликот на косата, кадрици, бранови, локни.