Кога ги миете рацете, користете нежен хидратантен сапун, а потоа нанесете квалитетна крема на рацете која ќе помогне да се зачува здравјето на кожата на рацете.
Сепак, она што треба да го имате на ум е дека не е важно кога ќе ги применувате.
Имено, дерматолозите велат дека кремата за раце треба да се нанесува што е можно поскоро, ако е можно веднаш по миењето на рацете.
Дерматологот Витни Бове вели дека е во ред доколку го направите тоа две минути по миењето.
Не треба да чекате премногу долго, бидејќи после тоа време, ефикасноста се намалува и кожата нема да може да ги добие сите хранливи состојки кои се во кремот.
–Ако чекате премногу долго, ќе го пропуштите периодот во кој хранливите материи можат да поминат низ порите и да ја зачуваат влажноста на кожата, вели таа.
Кога водата испарува (концепт познат како трансепидермална загуба на вода), вашата кожа ќе остане сува, особено ако ги миете рацете со топла вода, која испарува побрзо.
Накратко, чувајте го хидратантниот крем некаде при рака, за по секое миење или употреба на средства за дезинфекција, да можете што поскоро да го нанесувате на кожата – советува дерматолог.