Владата прогласи тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која животите ги загубија 45 македонски државјани.

За денови на жалост се прогласени од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.