Ви пренесуваме листа на намирници кои се вообичаени на нашата трпеза, а кои се забранети на вашиот верен четириножен пријател.
- Грозје
Грозјето, како и сувото грозје, се нешто што неповратно може да доведе до оштетување на бубрезите кај кучињата. Доколку се консумира во поголеми количини, смртта е сигурна. Само 5 парчиња од грозје се доволни за фатален исход за вашето куче.
- Кромид
Кромидот е особено опасен за кучињата, бидејќи предизвикува форма на анемија, состојба која предизвикува уништување на црвените крвни зрнца. Исто така, бубрезите на кучето може да страдаат од кромид.
- Кофеин пијалоци
Кофеинот е сличен на токсичната хемикалија која се наоѓа во чоколадото.
Може да го оштети срцето, белите дробови, бубрезите и централниот нервен систем на кучето.
Покрај кафето, за вашето домашно милениче се забранети и сите производи кои содржат големи количества кофеин, како таблети со кофеин, поголеми количини чај и слично.
Брзо отчукување на срцето, „пијано“ одење, мускулна тромост и интензивно задишување се знаци на труење со кофеин.