Со цел да се спречи четврти бран oд пандемијата на коронавирусот белгиските власти денеска донесоа одлука за задолжителна работа од дома 4 дена во неделата.
Досега во Белгија важеше само препорака за работа од дома за да се намали преносот на вирусот меѓу вработените.
Обврската за работа од дома, каде што е можно, ќе стапи во сила на 20 ноември.
–Целта на оваа мерка е да се ограничи заразувањето на работното место, како и во јавниот транспорт, велат белгиските власти.
Тие повикуваат на максимално физичко растојание меѓу луѓето и ограничување на контактите, особено во затворени простории.