- Зрна кафе и цимет
Во мало тенџере сварете неколку зрна кафе со стапче цимет. Кога водата ќе зоврие, опојниот мирис на овие две намирници брзо ќе почне да се шири низ собата.
Кога водата ќе се олади и повторно ќе го посакате овој интензивен мирис, вратете го садот со течноста во шпоретот или радијаторот, за повторно да се загрее.
Освен што го шири мирисот, овој метод го прочистува и воздухот и го отстранува непријатниот мирис на цигарите.
- Свеќа oд кафе
Друга интересна идеја со кафето е да го ставите во тркалезно тенџере, без готвење, а во средината да ставите украсна свеќа.
Ако понекогаш ви снема време или идеи што да купите некому како подарок, ова дефинитивно може да ви помогне. Само завиткајте го и украсете со лак.
- Сушен цитрус
Исечете лимон, портокал, грејпфрут или сето тоа заедно, а потоа ставете ги парчињата на радијатор или некоја топла површина што ќе го исуши овошјето и на тој начин ќе го рашири неговиот мирис.
Кога цитрусните плодови целосно ќе се исушат, можете да ги ставите во стаклен сад и да ги користите како декорација.