Изматени јајца со спанаќ и интегрален тост
Подготовка: 7 минути
Изматете 2 јајца и 4 лажици полуобезмастено млеко (и по желба додадете 1 прстофат црн пипер) и на малку масло пропржете изматени јајца.
Послужете ги јајцата на 2 кришки интегрален тост со грст (околу 40 гр) спанаќ. По вкус, можете да ги посипете со малку млад кромид. Спанаќот можете ситно да го исецкате и пред печењето да го додадете во јајцата.
Доколку немате време да јадете дома, овој здрав појадок можете да го направите како сендвич и да го однесете на работа.