Зголемениот холестерол е се почест здравствен проблем, а уште поголем проблем е тоа што многумина не ни знаат дека го имаат тој проблем, па не земаат лекови кои би можеле да им помогнат.
Зголемениот холестерол може да биде придонесен од различни фактори, вклучувајќи ја возраста, консумирањето алкохол и цигари, како и некои хронични здравствени состојби.
Покрај лековите кои помагаат за намалување на нивото на холестерол, голема улога во тоа може да има и исхраната, а експертите откриваат која храна е најлоша за висок холестерол.
–Црвеното месо е особено лошо за високиот холестерол, вели Џинан Бана, професор по исхрана на Универзитетот на Хаваи.
–Содржи заситени масти и холестерол, кои, кога се консумираат заедно и во поголеми количини, може да го зголемат нивото на холестерол. Исто така, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, објаснува тој.
Конзумирањето храна богата со заситени масти го поттикнува телото да произведува LDL или лош холестерол во крвта, што резултира со покачен холестерол.
Заситените масти природно се наоѓаат во многу намирници, дури и во оние од растително потекло, но првенствено ги има во месните производи.