Цената на биткоинот достигна врв од над 57 илјади евра, додека цената на етерумот го достигна највисокото ниво, сега надминувајќи 4.000 евра за прв пат во својата историја.
Етерум минатата недела постави неколку рекорди, а денеска во текот на ноќта порасна за 2,31 и достигна највисоко ниво досега од дури 4119,34 евра, додека биткоинот скокна за повеќе од 4 отсто на дури 57.918,78 евра, надминувајќи го нивото до кое достигна на 20 октомври годинава од дури 56.643 евра.
Моменталната цена на биткоинот е 57.155,24 евра, додека вредноста на етрумот е 4.095,17 евра.
Етрум порасна за околу 59 отсто од почетокот на октомври, а биткоинот за околу 51 отсто, откако инвеститорите минатиот месец го поддржаа започнувањето на американскиот фонд за размена на биткоини во иднина и побараа изложеност на овој вид имот, кој понекогаш се смета заштита од инфлација.
–Падот на реалните приноси додека трговците се подготвуваат за инфлација ја зголемува нивната предност за средства како злато и криптовалути, кои не плаќаат за купонот, изјави аналитичарот на IG Martkets, Кајл Рода за Ројтерс.